Џеф Безос/ Фото: Архива на СП

Како Џеф Безос заработи милијарди пред „Амазон“?

Во 1998 година, Безос инвестираше 250.000 долари во младиот стартап Google, препознавајќи ја визијата на основачите Пејџ и Брин, а инвестицијата сега вреди повеќе од 10 милијарди долари. Денес, Џеф Безос е речиси синоним за успехот на Amazon, но малкумина знаат дека дури и без таа компанија, тој можеше да стане исклучително богат, благодарение на една рана инвестиција, во Google. Уште во 1998 година, само четири години по основањето на Amazon, Безос инвестираше 250.000 долари во тогаш непознатиот стартап од Менло Парк, Google. Неговата инвестиција беше дел од рунда од 1 милион долари, а шест години подоцна, кога компанијата стана јавна во 2004 година, вредеше повеќе од 280 милиони долари.

Интересно е што Безос не беше воодушевен од самиот концепт на пребарувачот, туку од луѓето што го создадоа. За време на појадокот со Лари Пејџ и Сергеј Брин, тогашни докторанти на Стенфорд, сфатил дека сака да биде дел од нивниот проект.

– Едноставно се заљубив во Лари и Сергеј – рекол подоцна во разговор со новинарот Кен Аулет, автор на книгата „Гугл: Крајот на светот каков што го знаеме“.

Во тоа време, пребарувачите како Yahoo! и AltaVista веќе доминираа на пазарот, додека Google штотуку го започнуваше своето развојно патување. Сепак, Безос ја виде нивната визија и одлучи да ризикува. Кога Безос инвестираше во Google, една акција вредеше само четири центи. Во времето на првичната јавна понуда на компанијата, неговиот удел изнесуваше 3,3 милиони акции. Како и повеќето потфати во рана фаза, овој не се исплатеше веднаш, но неговата доверба во Пејџ и Брин се покажа како исклучително профитабилна. Иако не е познато дали Безос сè уште ги поседува тие акции денес, проценките покажуваат дека тие денес би вределе повеќе од 10 милијарди долари- пишува Каматица.

– Оваа приказна нè потсетува дека понекогаш најдобрите инвестиции се во луѓе, не само во идеи, и дека визијата и трпението често се повредни од кој било бизнис план. Безос го докажа тоа пред Амазон да стане глобален гигант – напиша Аулета.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот