Profimedia
Profimedia

Како да се храните кога воздухот е загаден: Препораки од стручњаците што го штитат вашето здравје

Заводот за јавно здравје на Кантонот Сараево издал упатства за исхрана во зимскиот период, наменети за жителите на урбани средини со зголемено загадување на воздухот. Според препораките, се советува поголем внес на зеленчук како зелка, брокула и спанаќ, како и пиперки, а од овошјето – цитруси, киви и јаболка. Исто така, се препорачува консумација на јаткасти плодови и семиња, пишува „Кликс“.

Во зимските месеци, жителите на урбани средини често се изложени на високи концентрации на загадувачи во воздухот, што негативно влијае првенствено на респираторните и кардиоваскуларните функции, но и на целокупното здравје.

Покрај стандардните јавноздравствени мерки за спречување на влезот на честички загаден воздух во организмот, правилната исхрана игра важна улога во заштитата од штетните ефекти на загадувањето. Иако храната не може да ја замени контролата на загадувањето, со правилно избрани намирници може да се зајакнат одбранбените механизми на телото и да се намалат негативните последици од загадениот воздух.

Штетните ефекти на загадувањето се манифестираат и преку оксидативен стрес, односно нарушување на рамнотежата помеѓу создавањето на слободни радикали и способноста на организмот да ги неутрализира преку антиоксидативна заштита.

Препорачани намирници и нутритивни совети

1. Зеленчук и овошје богато со антиоксиданси и витамини

Зелка, брокула, спанаќ, пиперки

Цитруси, киви, јаболка

2. Зеленчук богат со каротеноиди

Морков, тиква, слатки компири, диња, спанаќ

Помагаат во заштитата од оксидативен стрес

3. Омега-3 масни киселини

Содржани во масна риба: сардини, скуша, лосос

Ореви, чиа и ленено семе

Противупалното дејство ги штити респираторните и кардиоваскуларните функции

4. Витамин Д

Зимата ограничува изложеност на сонце

Извори: масна риба, јајца, обогатени млечни производи

Помага во одржување на имунитетот

5. Доволен внес на течности

Вода и топли билни чаеви

Навлажнување на слузокожата и полесно отстранување на штетни материи

6. Ограничување на индустриски преработена храна

Намалете внес на заситени масти, сол и додаден шеќер

Овие намирници дополнително го оптоваруваат организмот

Општ здравствен совет

Умерена, разновидна и редовна исхрана, со доволно квалитетен сон и физичка активност во затворен простор, претставува важен дел од грижата за здравјето во услови на загаден воздух. Овие препораки се особено важни за: пушачи,  лица под стрес и лица склони на чести инфекции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот