Како да ги симнете тие последни 5 килограми

Фото: Профимедиа

Диетата добро ви тргнала, но после повеќе загубени килограми се случува забавување, и никако стрелката на вагата да се помрдне уште подолу. Последните килограми кои сaкате да ги загубите се секогаш најпроблематични.

Држите диета и одлично ви оди до одреден момент, и тоаг- вагата застанува. Никао да мрдне ни килограм надолу. А сакате да ги симнете и тие последни, а толку упорни, 5 килограми. Како?

Ако сте испробале се, а сепак килограмите понатаму не се намалуваат, пробајте ги овие методи кои делуваат.

Сменете ја сосема вечерата

До сега таа исхрана ве доведе во убава телесна форма, но сега веќе истата не делува. Организмот е презаситен од истото мени, а на таквата храна сте станале имуни. Доволно е само да смените нешто во вечерата. Наместо вечера држете се на чаша немасен јогурт и 1 јаболка.

диета

Лимон со чаша вода за добро утро

Пред појадокот започнете го денот со чаша млака вода во која ќе исцедите 1 лимон. Го забрзува метаболизмот и одлична терапија е за прочистување.

Исфрлете ја сосема преработената храна

Саламите, иако се на пример, пилешки, содржат скриени шеќери. Секоја преработена храна го забавува метаболизмот. Исфрлете ја, барем привремено, додека слабеете.

Променете ги вежбите

Внимавате што јадете и редовно вежбате, а сепак не слабеете повеќе? Кога вашето тело ќе се навикне на одреден внес на калории и редовно вежбање на исти вежби, напредокот се забавува. Обидете се да вметнете некои нови вежби и да ја зголемите тежината на вежбањето. Тоа најефикасно ќе помогне останантите килограми полесно да се загубат. Секако не заборавајте дека вежбањето треба да трае најмалку 40 минути. Во првите 15-на минути се „топат“ јагленохидратите и шеќерите, а мастите почнуваат да се топат дури после 30-тата минута вежбање.

Тренинг со тегови

Вежбањето е исклучително важно во секоја диета. Внесете во вашите вежби и тегови (мали), тие најдобро ќе ги придвижат вашите мускули повеќе да трошат.

Вода

Познато правило – водата не е важна само во секоја диета туку и во сечие секојдневие.  Дури и кога мислите дека не сте жедни, можно е дека телото дехидрира. 2 литра вода во денот нека ви стане навика.

Спиење

Отсуството на сон и стресот го забавуваат метаболизмот. Обидете се 8 часа квалитетен сон да станат ваша навика.

Чили-пиперчиња

Чили пиперчињата се одлични за забрзување на метаболизмот. Внесете малку луто во ручекот.

Држете се до целта

Дури и кога мислите дека нема повеќе надеж и дека едноставно ви е судено да останете на таа бројка на вагата, немојте да очајувате. Најважно е да не отстапите од намерата, од целта. Имајте на ум дека ништо не може да се смени преку ноќ, а дека најупорните секогаш се победници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот