Како букетот со лалиња да ви трае со недели? Испробајте го овој трик
Свежото цвеќе внесува боја и живот во секој дом, особено за време на сивите зимски денови. Лалињата се често прв избор, но имаат една мана, а тоа е дека премногу брзо венеат. Сепак, постојат неколку едноставни трикови со кои може да траат значително подолго, а еден од нив се издвојува поради едноставноста и ефикасноста.
Препорачано
Трик со бакарна паричка
Стручњаците од GardenBuildingsDirect.co.uk препорачуваат метода за која ви треба само една бакарна паричка.
„Не ви треба посебна храна за цвеќе ниту скапи конзерванси“, велат од компанијата.
Постапката е едноставна: пред да налеете вода и да го ставите цвеќето, на дното од вазната ставете една бакарна паричка. Важно е претходно добро да ја измиете за да ја отстраните нечистотијата и бактериите. Парички кои не се од бакар, според тврдењата, нема да дадат исти резултати.
Како делува?
Сè се должи на антимикробните својства на бакарот.
„Многуми не знаат дека бакарот природно го забавува развојот на бактериите, а токму тие можат да го забрзаат венењето на цвеќето како лалињата“, објаснува експертот.
Лице кое го испробало трикот вели дека букетот лалиња трае веќе две недели и верува дека би можел да издржи уште најмалку една недела. Овој совет не е резервиран само за лалиња – добро функционира и за друго сечено цвеќе, како розите.
Дополнителни совети за свежина
Освен паричката, се препорачува и да ги скратите стебленцата косо. Таквиот рез ја зголемува површината преку која цвеќето ја впива водата, па побрзо се „храни“ и побавно венее. Како алтернатива честопати се споменува шеќер и јаболков оцет.
Стручњаците од GardenBuildingsDirect.co.uk посочуваат дека шеќерот може да помогне цвеќето подолго да изгледа свежо. Препорачуваат во еден литар топла вода да се растворат три лажици шеќер.
„Кога ја полните вазната, свежо отсечените стебленца треба да бидат потопени околу 7–10 сантиметри во подготвениот раствор“, појаснуваат тие.


