Како бившиот потпретседател Пенс стана „бездомник“?

Бившиот потпретседател Мајк Пенс и неговата сопруга последните неколку дена наводно спијат во викендицата на гувернерот на Индијана додека се во потрага за нов дом.

Последните четири години Пенс извршувајќи ја функцијата американски потпретседател, живееше бесплатно во резиденцијата која е платена од даночните обврзници, а се работи за куќа од 19 век сместена на територија на Американската поморска опсерваторија.

Бизнис инсајдер објави вест дека Пенс и неговата сопруга престојуваат во викендицата на гувернерот на Индијана, Ерик Холкомб, а потоа информацијата ја пренесоа и другите медуми кои открија дека фамилијата Пенс често се преместува, па освен кај Холкомб, тие престојувале и кај братот на Мајк, Грег Пенс кој живее во Колумбус, Индијана.

Како е можно Пенс да нема каде да живее? Одговорот лежи во податоците дека тој беше републикански застапник во Застапничкиот дом на американскиот Конгрес од 2001 до 2013 година, по што стана гувернер на Индијана. На таа позиција беше од 2013 до 2017 година, па за тоа време живееше во гувернерската резиденција која ја напушти во 2017 година кога стана потпретседател.

Според сето тоа, фамилијата Пенс повеќе од осум години немала свој дом. Зошто завршиле како „бездомници“, не е познато. Можно е да биле толку убедени во останувањето на Трамп на власт, а со самото тоа и тие да останеле, што едноставно не размислиле што ќе се случи ако мораат да се отселат од потпретседателската резиденција.

Извор: Јутарњи.хр

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот