Како Балашевиќ ги малтретирал Албанците во Југославија и кој најмногу страдал од „големосрпскиот хегемонизам“

Јавноста е полна со „регионални душегрижници“ кои трубат за опасноста од „големосрпскиот хегемонизам“. Историјата е меѓутоа, учителка на животот, а таа, видовме јасно и недвосмислено, нé учи дека од „големосрпскиот хегемонизам“ треба да се плашат единствено – Србите.

Знаењето е моќ и најдобар подарок, а на подарокот, нели, не му се гледа во забите. Иако тајмингот е далеку од идеален и иако таквите инсинуации во време кога покојникот уште не се ни оладил, се во најмала рака непристојни, дознавме, ете, дека Ѓорѓе Балашевиќ во средината на осумдесетите години партиципирал во злосторничкиот проект на „големосрпскиот хегемонизам“ насочен првенствено кон Албанците на Косово и тоа така што ја пеел песната „Не кршете ми ги багремите“ („Не ломите ми багрење“ прим.прев.), а Албанците, во време кога тој брутално ја пеел, биле најголемите, но секако не и единствени жртви на „големосрпскиот хегемонизам“.

Претседателот Синан Хасани

Ајде да погледнеме колку грозен и страшен бил тој „големосрпски хегемонизам“. Албумот „Бездан“ на кој се наоѓа песната „Не кршете ми ги багремите“ („Не ломите ми багрење“ прим.прев.) објавен е во јуни 1986 година. Неколку недели пред објавување на албумот, на чело на Претседателството на Социјалистичка Федеративна Република Југославија, на најважното место во државата, на функцијата симболичен наследник на Јосип Броз Тито, седнува Синан Хасани, етнички Албанец, припадник на националното малцинство, кое во тој момент, според резултатите на последниот попис, претставува 7% од населението во СФРЈ. Синан Хасан никако не е некаков симболичен Сејдо Бајрамовиќ, тој е, со денешни зборови кажано, легитимен претставник на југословенските Албанци, колку што е тоа можно во еднопартиска држава.

Кој се плаши од големосрпскиот хегемонизам?

Кога скоро четврт век подоцна, во САД, припадникот на малцинството кое опфаќа 14% на тамошното население за првпат е избран за претседател, истите оние кои денес трубат за „големосрпскиот хегемонизам“ од осумдесетите години на минатиот век, ќе се измочаат од среќа во патетичната егзалтација на воодушевување на земјата во која, ете, и тоа е можно.

По завршување на Втората светска војна, процентот на неписменото население на Косово изнесувало 74%. Само 25 години подоцна, основан е универзитет, на кој по само 10 години, студирале повеќе од 26.000 редовни студенти. Осумдесетите години, во време кога на Косово Албанците, жртвите на „големосрпскиот хегемонизам“ предводен од Ѓорѓе Балашевиќ, таму, пропорционално гледано, студирале поголем процент на млади отколку на било кое друго место во Југославија (26 студенти на илјада жители, наспроти 14  на илјада во Словенија и Хрватска).

Во осумдесеттите години, во време кога на Косово Албанците се жртви на „големосрпскиот хегемонизам“ предводен од Ѓорѓе Балашевиќ, таму, пропорционално гледано, студира поголем процент на младите отколку на било кое друго место во Југославија (26.000 студенти наспроти 14.000 во Словенија и Хрватска.

Да се сменат понижувачките презимиња

Во тоа време, во соседна Албанија живее помеѓу 120.000 и 150.000 јужнословенско население кое нема апсолутно никакви права. Немаат право на собирање во групи поголеми од петорица, не можат да комуницираат со југословенската амбасада, не можат да се викаат онака како што се викаат бидејќи бил издаден декрет дека „државјани кои имаат неприкладни имиња, од политичко, идеолошко, морално гледиште и понижувачки презимиња“, мораат да ги сменат, а со вториот декрет се менуваат словенските називи на населбите во албански.

Но да, тоа е Енвер Хоџа, тоа нема врска, додека Ѓорѓе Балашевиќ ги малтретирал Албанците во Југославија.

Постојат и други статистички показатели на погубноста на „големосрпскиот хегемонизам“ по Албанците на Косово. По пописот на населението од 1948 година, на Косово било 68% Албанци и 27% Срби.

Во тоа време Балашевиќ уште не бил роден, па „големосрпскот хегемонизам“ го предводеле нешто посуптилни ликови како Слободан Пенезиќ Крцун и Александар Ранковиќ. Резултатите на нивната работа јасно се гледаат 1981 година кога процентот на Албанците се зголемил на 77% додека процентот на Срби паднал на 15%.

Жртви на „големосрпскиот хегемонизам“ биле и Хрватите. И тоа добро се гледа од статистиката. Во 1948 година, Срби во Хрватска биле 14,5%. На последниот предвоен попис (се мисли на Втората светска војна) биле 16,8%, така што е очигледно дека усташкиот геноцид ја намалил нивната бројност за 2,3 процентни поени. Би се очекувало „големосрпскиот хегемонизам“ барем малку да помогне во приближувањето на статистиката на претходната состојба. Но не!! Во 1981 година, Србите во Хрватска по попис биле само 11,6%. Процентуално гледано, повеќе ги чинел ,„големосрпскиот хегемонизам“ отколку четири години Ендехазија.

800 џамии во слава на големосрпската хегемонија

Во Босна и Херцеговина, познато е дека ,„големосрпскиот хегемонизам“ особено премолчено се пресметувал со Муслиманите, односно Бошњаците. Откога во Босна и Херцеговина се попишува населението, секогаш Србите, односно православните, имале релативно мнозинство, потоа следеле Муслиманите, па конечно, како најмалкубројни, Хрватите. Во екот на најголемиот „големосрпски хегемонизам“ во 1971 година, Муслиманите во Босна и Херцеговина по бројност ги престигнале Србите.

Исто така, според податоците на познатиот заговарач на „големосрпскиот хегемонизам“ Хуснија Камберовиќ, во периодот од 1969  до 1980, во БиХ се изградени повеќе од 800 џамии, што би знечело дека по една џамија е градена на секои пет дена, односно 6 месечно, односно 72 годишно. Па да, сé се вклопува, познато е дека ,„големосрпскиот хегемонизам“ особено го мрази Исламот.

Што се однесува до Црногорците, половина милион од нив биле толку брутално ,„хегемонизирани“ од страна на осум милиони Срби, што во таа сурова хегемонијада во размер 16:1 впрочем и исчезнале. Црногорци, ако не сте знаеле, повеќе нема. И Мило Ѓукановиќ и Мијо Поповиќ и Тамара Никчевиќ и други се обични холограми, креирани со тенденциозна манипулација на „големосрпсккиот хегемонизам“ кој од светот сокрива дека уништил еден цел народ.

Олимпијада на „големосрпскиот хегемонизам“

На крај, тоа што под владение на „големосрпскот хегемонизам“ Словенците за првпат добиле прилика факултетски да се образуваат на својот јазик, а Македонците својот јазик воопшто да го официјализираат и на него да печатат книги, само по себе доволно зборува.

Најдобриот доказ колку „големосрпскиот хегемонизам“ е погубен, се гледа по тоа што сите овие народи, од кога се ослободија од ,, големосрпскиот хегемонизам,, излегоа на зелена гранка. Под „големосрпскиот хегемонизам“ во Хрватска е измислен и патентиран еден од најдобрите и најефикасните антибиотици во светот, а денес не се во состојба да увезат странски вакцини во доволен и потребен број.

Под „големосрпскиот хегемонизам“ Сараево заслужило и ги организирало Олимписките игри, а денес Босна и Херцеговина е најбројна помеѓу оние малку европски држави кои можат да се набројат на прстите на една рака кои немаат олимписки медал. Под „големосрпскиот хегемонизам“ бројот на Албанците на Косово константно растел, а сега воглавно опаѓа.

Јавноста е полна со „регионални душегрижници“ кои трубат за опасноста од „големосрпскиот хегемонизам“. Историјата е меѓутоа, учителка на животот, а таа, видовме јасно и недвосмислено, нé учи дека од „големосрпскиот хегемонизам“ треба да се плашат единствено – Србите.

Извор: Преокрет

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот