Како Арсенал ги испушти Меси, Пике, Мата…

Поранешниот скаут на „топчиите“ од Шпанија вели дека англискиот тим во минатото бил многу блиску како тинејџери да ги ангажира Меси, Пике и Мата.

Скаутот Френсис Кагигао во интервју за „Гардијан“ открива дека сегашните ѕвезди на Барслеона, Лионел Меси и Жерар Пике како и многу други таленти биле „многу блиску“ да потпишат за Арсенал уште како тинејџери.

Кагигао бил скаут на Арсенал чија задача била да ги следи талентите во Шпанија
и пред шест години го забележал Томас Парти кој во последните денови од преодниот рок стана член на „топчиите“.

Поради кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот Френсис Кагигао бил отпуштен од Арсенал заедно со уште 55 лица.

– Се уште го паметам денот кога дојдов на состанок со Арсен Венгер, Пет Рајс и Стив Роули. Искрено, не очекував дека толку долго време ќе поминам во институција каква што е Арсенал и поради тоа не можете да кажете дека сте огорчени на нешто во животот. Се чувствувам привилегиран што бев дел од Арсенал и повеќе сакам да гледам напред во иднината отколку да се враќам наназад – вели Кагигао.

Френсис почна да работи за Арсенал на 26 години, а сега има 50 години и прво беше задолжен да бара таленти во Шпанија и Португалија, потоа низ цела Европа и на крајот низ целиот свет. Во ловот на таленти, Френсис
Кагигао годишно гледал по 180 натпревари, односно по еден натпревар на секои два дена и највеќе жали што не успеа да го донесе Меси во Арсенал.

– Меси тогаш имаше 15 години. Тој, Пике и Мата беа многу блиску до потпис со Арсенал. Со Меси проблемите настанаа поради работната дозвола која не можевме да ја обезбедиме на време. И тоа е се што можам да кажам за ова. Знаете, многу таленти ќе би избегаат, двајца, тројца, четворица годишно, но повеќе сакам да ги паметам тие што успеавме да ги донесеме во Лондон – вели Кагигао.

Тој учествувал до ангажманот на повеќе од 20-тина фудбалери кои потоа имаа завидна кариера во Арсенал, а најзвучни имиња се Францеск Фабрегас, Робин ван Перси, Санти Казорла, Начо Монреал, Хозе Антонио Рејес, Ектор Бељерин, Габриел Мартинели…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот