Кајли Џенер мета на критики за користење фотошоп: Облините си ги заборавила на „Инстаграм“

Instagram

Најмладата милијардерка на светот, Кајли Џенер, предизвика лавина реакции откако на социјалните мрежи се појавија нови папарацо фотографии, и многумина почнаа да коментираат дека таа не изгледа ни приближно до личноста од нејзиниот профил на „Инстаграм“.

Кајли беше фотографирана при пристигнување во ресторан со една пријателка, а по тој повод носела широки светли фармерки, сребрена маица во комбинација со сребрени сандали и мала чанта во истата нијанса.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Just Jared Jr. (@justjaredjr)

Кога ги забележала папараците, Кајли се обидела да ги одбегне, покривајќи го лицето со раката, но тие сепак успеале да направат неколку фотографии кои беа сосема доволни за да предизвикаат реакции.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kylie ? (@kyliejenner)

На социјалните мрежи се отвори жестока дискусија за нејзината фигура и изглед во комбинација што не ги истакнува нејзините атрибути, но многумина велат дека се чини како воопшто да ги нема облините кои ги истакнува на „Инстаграм“. Па оттаму почнаа критиките дека претерува со користење фотошоп.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kylie’s Closet (@kylie_closett)

„Никој не ѝ рече дека си ги заборавила облините и задникот дома?“, „Каде е Кајли Џенер од Инстаграм?“, „Таа воопшто не личи на себеси, каква разлика…“, „Вака изгледа кога ќе ја нарачаш Кајли Џенер од фотографија на Интернет“, „Ми се допаѓа како изгледа, девојчето е во поширока гардероба, соберете се“, се само дел од коментарите.

Тимот на Кардашијан работи напорно за да ја отстрани „приватната“ фотографија од Клои објавена по грешка на асистент

Се чини дека повеќето припаднички на семејството Кардашијан – Џенер се мета на осуди затоа што, имено презентираат нереални стандарди за женското тело на социјалните мрежи. Неодамна и нејзината сестра Клои Кардашијан беше обвинета за неумешно играње со фотошоп…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот