Тимот на Кардашијан работи напорно за да ја отстрани „приватната“ фотографија од Клои објавена по грешка на асистент

Instagram

Тимот на семејството Кардашијан работи напорно за да ги отстрани сите траги од „неовластената“ фотографија на Клои Кардашијан, која се појави на социјалните мрежи за време на викендот.

Трејси Ромулус, главниот директор за маркетинг на „KKW Brands“ на Ким Кардашијан, проговори откако „приватната“ фотографија на Клои Кардашијан на која позира во костим за капење стана вирална на социјалните мрежи.

Фотографијата е направена од Клое за време на приватен семеен собир и беше објавена на социјалните мрежи без дозвола – по грешка од асистент“, рече Ромулус во изјавата за „Page Six“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Khloé Kardashian (@khloekardashian)

36-годишната Кардашијан претходниот викенд сподели фотографии на кои позира во пурпурно бикини во Палм Спрингс. А, наводната „неовластена“ и „необработена“ фотографија се појави истиот ден на Интернет.

Асистентот веројатно скапо ќе плати за својата грешка, бидејќи тимот на Кардашијан не успеа да ја повлече фотографијата на време. Откако фотографијата се појави во саботата, се прошири на Интернет пред брзо да исчезне на многу страници, но истата, сè уште можете да ја видите на „Daily Mail.

Иако Клои досега јавно не го коментираше настанот, таа во неколку наврати во минатото суптилно признала дека користи „Фотошоп“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Khloé Kardashian (@khloekardashian)

Опцијата за тонирање на лицето е најдоброто нешто што постои. Тоа го менува животот“, изјави Клои во 2016 гостувајќи во шоуто „Chelsea Does“.

Тоа е единствениот начин да се живее… Не е реално, затоа што вие му презентирате на светот нешто во што сакате да веруваат. Неверојатно е. Мислам дека нашето општество толку сака да добие валидација од социјалниот свет и затоа се објавуваат вакви работи“, тогаш рече таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Khloé Kardashian (@khloekardashian)

Извор претходно за „Us Weekly“ изјавил дека Клои се обидува да ги игнорира негативните коментари во врска со нејзиниот изглед кој постојано се менува.

Клои не се грижи за реакциите од обожавателите кои велат дека таа не изгледа како на нејзините поранешни фотографии… Таа смета дека изгледа одлично. И всушност, не се грижи што мислат луѓето се додека е среќна“, рекол изворот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот