Кај обвинителката Елизабета Соколова се најдени предмети кои фаќале прашина во фиока

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Соколова е единствена во 2020 година кај која е констатирано нестручно работење. Дисциплински постапки се водат против петмина обвинители

Елизабета Соколова, обвинителка од скопското обвинителство сама си дала отказ откако било утврдено дека нестручно работела.

Според информациите на ТВ24 нејзините шефови констатирале дека и се трупале предмети по кои не постапувала, а имало и бројни приговори од граѓани кои пријавиле дека со непостапувањето се оштетени во постапките.

Неофицијално обвинителката поради здравствени проблеми била преместена да ги работи делата поврзани со сообраќајните незгоди. Соколова е единствена во 2020 година кај која е констатирано нестручно работење. Дисциплински постапки се водат против петмина обвинители, соопшти првиот човек на обвинителството Љубомир Јовески.

„Во ОЈО Скопје имавме еден таков случај каде обвинител подолг период во повеќе предмети нема преземени дејстија и за да не подложи на одговорност како обввинител сама си даде отказ“ – вели Љубомир Јовески.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот