Кај Миравци приведен криумчар на мигранти од Сирија

Фатени криумчари на мигранти/Фото: МВР

На автопатот А1, кај клучка Миравци, денеска околу 15 часот полициски службеници од граничниот премин Богородица го лишиле од слобода А.А.(37) од Неготино затоа што во патничко возило „тојота авенсис” со скопски регистерски таблички превезувал шест лица од Сирија.

 

 

МВР соопшти дека е известен јавен обвинител од ОЈО за ГОКК и по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот