Кафето чини само 40 денари – кој е најевтиниот град во Европа?

Фото: Wikipedia/Commons

Тирана ретко кога се наоѓа на врвот на листата на желби на светските патници. Сепак, новото истражување покажува дека главниот град на Албанија на гостите од Обединетото кралство им дава најмногу за нивните пари.

„Пост офис травел мани“ (Post Office Travel Money) ги спореди типичните трошоци за викенд-патување во 40 различни градови во Европа, што вклучува две ноќевања во хотел со три sвезди, вечера во ресторан за двајца, јавен превоз, туристичко разгледување и слични активности.

Барометарот за трошоци на градовите (City Cost Barometer) покажал дека во Тирана ќе потрошите најмалку од сите анализирани градови – во просек по 9.000 денари. За кафе тука треба да издвоите само 40 денари, а за две ноќевања само 4.000 денари.

На вотор место на скалата за најповолни европски градови се нашле Катовице на југот на Полска, а на третото место е главниот град на Литванија – Вилнус.

Во топ-10 најповолни градови за викенд-одмор се најде и главниот град на Хрватска – и тоа на седмото место. „Пост офис травел мани“ пресметал дека за викенд ви требаат 14.500 денари во Загреб.

Осло и оваа година се покажа како најскап град во Европа за викенд-забава, бидејќи во него ви требаат 30.000 денари за викенд. Пивото во главниот град на Норвешка во просек ќе го плаќате 500 денари, а две ноќевања во хотел со три ѕвезди ќе ве чини 11.000 денари.

Најповолни  европски градови во 2021 година според Барометарот за трошоци на градовите:
1. Тирана, Албанија
2. Катовице, Полска
3. Вилнус, Литванија
4. Лисабон, Португалија
5. Рига, Латвија
6. Варшава, Полска
7. Загреб, Хрватска
8. Будимпешта, Унгарија
9. Братислава, Словачка
10. Краков, Полска

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот