Кадетската ракометна репрезентација на Македонија е меѓу најдобрите 12 во светот

фото: РФМ

Македонската кадетска ракометна репрезентација на Светското првенство во Хрватска запиша нова победа откако денеска ја совлада Австрија со 29:22.

По првите 30 минути избраниците на селекторот Раде Стојановиќ имаа предност од 14:8.

Најефикасни за Македонија беа Н. Белистојаноски и Мирче Калајџиески кои шестпати се запиша во листата на стрелците.

Нашите ракометни надежи го обезбедија третото место во својата група „3“ и така се изборија за разигрување од деветтото до 12 место.

Вкупно 32 селекции учествуваат на СП, Македонија е меѓу најдобрите 12 репрезентации, но на крајот може да заврши како деветтопласирана доколку ги добие и последните два натпревари на Мундијалот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот