Каде исчезна Адел? Пејачката ослабе 45 килограми и ја покажа новата фигура! (ФОТО)

Адел го прослави 32. роденден, а по тој повод на Инстаграм објави фотографија која сите нас не изненади. Имено, на неа пејачката позира во минијатурно црно фустанче, а фигурата која ја постигнала е неверојатна.

– Ви благодарам за љубовта која ми ја испративте за роденден. Се надевам дека сте на сигурно во овие луди времиња. Сакам да им се заблагодарам на сите кои се на првата борбена линија и на одговорните работници кои не чуваат додека ги ризикуваат сопствените животи. Вие навистина сте нашите ангели, напиша пејачката покрај објавата.

Ова е прва фотографија која ја објави по декември 2019 година кога исто така се пофали со новата фигура.

Целата оваа трансформација започна по разводот со поранешниот сопруг Симон Конецки со кој беше во брак од 2016 до 2019 година.

Адел ослабнала за околу 45 килограми, а нејзините фанови се загрижија за нејзиното здравје, но многумина признаа и дека таа изгледа одлично.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот