Кабинетот на Пендаровски се извини за наопаку поставеното црногорско знаме

Кабинетот на претседателот на Македонија, Стево Пендаровски се извини заради тоа што не забележале дека за време на официјалната посета на црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ на Скопје, за време на средбата на претседателите, црногорското знаме било ставено наопаку.

Извршен е ненамерен превид за време на поставувањето на црногорското знаме на тет-а-тет состанокот на двајцата претседатели, се наведува во писмото со извинување, пренесуваат црногорските медиуми.

Ова не е прв пат да се направи пропуст при посета на државници на Македонија. Пред една година, Канцеларот на Австрија, Себастијан Курц на официјалната церемонија на дочекот пред Владата беше поздравен со погрешно, летонско знаме.

Летово на средба во советот на општина Охрид, амбасадорот на Франција, Кристијан Тимоние беше пречекан со погрешно знаме, неместо француското беше поставено знамето на кралството Холандија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот