ДИПЛОМАТСКИ ГАФ: Тимоние во Охрид пречекан со ХОЛАНДСКО ЗНАМЕ! (ФОТО)

Францускиот амбасадор, Кристијан Тимоние, на средбата со претседателката на Советот на Општина Охрид, Живка Ангелоска, бил пречекан со холандско знаме пренесува Фокус. Овој дипломатски гаф се случил во понеделникот на протоколарната средба со амбасадорот во Општина Охрид.

Наместо знамето на Франција на средбата покрај македонското знаме било поставено знамето на кралството Холандија.

Предходно во Скопје австрискиот премиер Курц во Владата беше пречекан со летонско знаме.

Како што претходно известија медиумите, на средбата меѓу Ангелоска и Тимоние во Охрид за разговарало за статусот на Охридскиот регион и за заштита на езерото во пресрет на конференцијата на УНЕСКО во Баку.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот