Јужноафриканскиот вид на корона детектиран во Косово – се шири брзо и загрозувајќи две групи на луѓе

Фото: EPA-EFE/VOLODYMYR PETROV

Првиот случај на јужноафриканскиот „бета“ вид на коронавирус, како што е именуван според новата класификација на СЗО, беше потврден пред два дена во Косово, кај пациент кој беше хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Приштина.

Оваа варијанта на вирусот се карактеризира со фактот дека тој се пренесува побрзо, а две групи на луѓе се изложени на зголемен ризик од заболување, сметаат експертите.

Веста за инфицирање на човек од Косово е потврдена на социјалната мрежа Фејсбук од тамошниот Национален институт за јавно здравје.

– Јужноафриканската мутација има антигенска промена во посочениот регион на геномот и има карактеристика на побрзо ширење. Како и со оригиналната верзија, ризикот е најголем кај луѓе кои се постари или имаат тешки хронични здравствени состојби. Сепак, постои оправдан страв дека нема да ги заобиколи ниту младите, поради фактот што меѓу нив има најмал одговор на вакцинацијата – посочува епидемиолог, вирусолог и вакцинолог д-р Радмило Петровиќ.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот