Фото: Меланија Грозданова/Фејсбук

Јувентус силно заинтересиран за 16-годишната македонска фудбалерка Меланија Грозданова

Италијанскиот гигант Јувентус внимателно ја следи младата македонска фудбалерка Меланија Грозданова, која на само 16 години важи за еден од најперспективните таленти во Европа во нејзината генерација.

Информацијата ја објави познатиот новинар Руди Галети, кој истакнува дека Грозданова, висока и технички беспрекорно подготвена, оставила силен впечаток меѓу скаутите на „бјанконерите“. Според Галети, Јувентус верува дека таа совршено би се вклопила во нивниот долгорочен проект.

Грозданова оваа сезона блеска во дресот на Љуботен со осум постигнати голови, а веќе игра и за најдобрата македонска репрезентација. Настапува на крилната позиција и со брз напредок привлекува интерес од повеќе големи европски клубови, при што Јувентус моментално е најконкретен во намерата да го обезбеди нејзиниот потпис.

Преземено од: Sport.com.mk

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот