Јуве има „дрим-тим“ за освојување на ЛШ! (ФОТО)

EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Како што е веќе познато, Јуве и официјално го ангажираше талентираниот холандски дефанзивец од редовите на Ајакс, Матијс Де Лихт.

Дефинитивно новиот тренер на Јуве, Маурицио Сари ќе биде на „слатки маки“, и свесен дека ќе има квалитетен состав кој што дефинитивно ќе конкурира за титулата во Лигата на шампионите.

Претседателот на „Старата дама“, Андреа Ањели сигурно нема да се задоволи со две финалиња во најквалитетното европско клупско натпреварување во 2015 и 2017 година.

Последен пат Јуве ја покори Европа во далечната 1996 година кога во Рим на пенали го совлада Ајакс.

Се предвидува дека вака би изгледал стартниот состав на Јувентус за наредната сезона 2019/20: Шчешни, Кансело, Де Лихт, Кјелини, Алекс Сандро, Ремзи, Пјаниќ, Рабио, Даглас Кошта, Дибала, Роналдо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот