Здраво Бјанконери: Де Лихт слета во Торино (ВИДЕО)

twitter.com/SquawkaNews

За в среда во утринските часови се најавени медицинските прегледи на Де Лихт, а после нив ќе следува и официјалното потпишување на договорот со „Старата дама“. медицинска помош утре наутро.

– Здраво Бјанконери, ова е Матијс, навистина сум среќен што сум тука – беа првите зборови на Де Лихт кој беше пречекан од новинарите и навивачите кои беа собрани на аеродромот во Торино да го поздрават холандскиот талент кој со неговиот приватен авион слета вечерва од Амстердам.

Одбранбениот играч идниот месец ќе наполни 20 години и досега беше дел од разни младински академии во Ајакс.

Исто така претходно дефанзивецот се поврзуваше со трансфер во Барселона, ПСЖ и Манчестер јунајтед.

Според холандскиот „Телеграф“, доцнењето од 24 часа било поради тоа што Јуве се обидел да плати 75 милиони евра, вклучувајќи и бонуси поврзани со перформансите на играчот, но Ајакс побарал целосна сума како фиксен надомест.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот