Јури Ким назначена за заменик помошник главен секретар за европски прашања на Стејт Департментот

Фото: al.usembassy.gov

Американската амбасадорка во Тирана, Јури Ким, е назначена за заменик помошник главен секретар за европски прашања, што е најважната функција во Стејт департаментот по државниот секретар, јавија албанските медиуми.

Дипломатката Ким официјално ќе ја преземе новата функција од 10 јули.

Таа е на крајот од амбасадорскиот мандат во Тирана и се очекува да биде заменета со дипломатот од кариера Дејвид Џ. Костеланчик, кој служеше во Амбасадата на САД во Албанија во раните 90-ти, во политичката канцеларија и добро го владее албанскиот јазик.

Тој во моментот работи како советник за надворешна политика на началникот на Генералштабот на САД, генерал Марк Мили. Претходно беше заменик-шеф на мисијата и две години вршител на должност во Амбасадата на САД во Будимпешта, Унгарија.

Костеланчик двапати беше дел од Амбасада на САД во Москва, а служел и во мисиите на САД во ОБСЕ и НАТО, како и во Анкара, Турција.

Дипломатот Костеланчик, по потекло од државата Илиноис, дипломирал на Универзитетот Нортвестерн во оваа држава.

Тој, исто така, има две магистерски дипломи од Националниот воен колеџ и Универзитетот во Мичиген. Зборува руски, унгарски, албански и турски јазик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот