Јунајтед во цајтнот, Солскјер бара уште три засилувања

twitter.com/LarryCh49598510

Во последните три дена од предниот рок Манчестер јунајтед ќе се обиде да го засили тимот со позајмици и купување на неколку фудбалери.

Манчестер јунајтед во летниот преоден рок донесе само едно засилување, холандскиот репрезентативец Дони ван де Бек, кој засега не добива голема шанса, а менаџерот Оле Гунар Солскјер бара уште најмалку три засилувања и тоа по едно засилување во одбраната, по крилните позиции и во нападот.

Најголема желба на Солкјер е Џејдон Санчо но Борусија Дортмунд нема намера да дава попуст поради коронакризата и бара 120 милиони евра за англискиот репрезентативец, сума која Јунајтед можеби во последен момент би ја платил, но засега одбива да го стори тоа.

Како резервна опција за Санчо, во Манчестер јунајтед размислуваат за проблематичниот фудбалер на Барселона, Осман Дембеле. Јунајтед е подготвен во целост да го преземе исплаќањето на неговата плата, но го бара играчот на позајмица, додека Барселона инсистира на задолжителен откуп идното лето. Солскјер не е сигурен дека сака да ризикува со Дембеле кој и под новиот тренер на Барселона, Роналд Куман, покажа дека е играч кој не ги почитува правилата.

Во одбраната прв избор на „црвените ѓаволи“ е Алекс Телјеш од Порто но никако да се договорат со португалскиот тим. Јунајтед испратил една понуда, но била толку ниска што Порто дури не им одговорил на англичаните дека не ја прифаќа. Во игра е и Талјафико од Ајакс како и Дајот Упамекано за кого сериозен интерес пројавува и Реал Мадрид.

Изненадувачки на списокот на потенцијални засилувања на извршниот потпретседател на Јунајтед, Ед Вудворд се наоѓа и Нголо Канте од Челси кој не добива голема шанса кај Френк Лампард.

Како решение во нападот фигурираат само две имиња, Единсон Кавани и Лука Јовиќ. Манчестер јунајтед нема ништо против да го позајми Јовиќ од Реал Мадрид дури и доколку има клаузула за задолжителен откуп наредното лето. Солскјер смета дека младиот напаѓач идеално ќе се вклопи во тимот. Единсон Кавани е слободени играч но речиси ниту еден тим не сака да му ги исполни големите барања, 10 милиони евра по сезона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот