Фото: Профимедиа

Јошевска Анастасовска: Иако одобрени, не се реализирани 200 нови вработувања во судството

Членката на Судскиот Совет, Сузана Јошевска Анастасовска, во емисијата „360 степени“ потврди дека одобрените 200 нови вработувања во судството не се реализираат и оцени дека тоа го блокира работењето на судовите.

Според неофицијални информации, додаде таа, вработувањата не се реализираат бидејќи се чека ребаланс на Буџетот, а во меѓувреме нема никаква соработка меѓу Министерството за финансии и Судскиот совет.

„Од Министерството за финансии одбиваат соработка со Судскиот совет во смисла – нема никаква соработка, никакви состаноци. И од страна на министерката за финансии нема соодветна комуникација, иако, да, начелно 200 се одобрени, правени се плановите, Судско-буџетскиот совет ги направи по судови вработувањата“, вели Јошевска Анастасовска.

Таа додаде дека поминуваат месеците, тоа влијае на ажурноста на постапките, а крајно – на незадоволството на граѓаните.

Уставен не пресече за платите на судиите, но под сомнеж се февруарските измени на кои реагираше правосудството

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот