Јокиќ близу до „трипл-дабл“ во поразот на Денвер против Портланд
Во воведниот натпревар од НБА Купот, кошаркарите на Денвер Нагетс беа поразени како гости од Портланд со резултат 109-107. Ова беше втор пораз за Нагетс во групната фаза, откако започнаа со три победи и два порази.
Препорачано
Денвер доминираше во текот на поголемиот дел од натпреварот, но Портланд во финишот ја искористи својата дефанзивна сила и направи голема серија, која ја анулираше разликата од пет поени во последната минута. Дени Авдија погоди клучен шут и го донесе Портланд на само два поени разлика, а потоа Џереми Грант со прецизни слободни фрлања ја заврши работата за домашната победа.
Српскиот репрезентативец Никола Јокиќ, кој беше близу до „трипл-дабл“, постигна 21 поен, 14 скока и 9 асистенции, со неверојатни 70% шут од поле и 66,7% успешност за три поени. Но, неговиот одличен индивидуален учинок не беше доволен да го спречи поразот на тимот од Денвер.
Во победничкиот тим, Дени Авдија беше најефикасен со 23 поени, 4 скока и 4 асистенции, додека Џамал Мареј за Нагетс додаде 22 поени и 6 скока.
Преземено од: Sport.com.mk
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
4час
-
4час
-
4час
-
5час
-
6час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


