Јогурт перничиња, прсти да излижеш (РЕЦЕПТ)

Еве една убава идеја за викенд појадок или вечера.

Состојки:
300 милилитри јогурт
300 милилитри млеко
1 јајце
1 прашок за печиво
малку сол
малку шеќер
200 милилитри масло за јадење
1 килограм брашно

Приготвување:

Од сите погоре наведени состојки замесете меко тесто. Потоа, оставете го да отстои околу 30 минути додека да стаса. Добиеното тесто расукајте го со помош на сукало. Добиената кора не треба да биде подебела од еден сантиметар. Со нож исечете парчиња и пржете ги во врело масло. Додека ги пржите, растресувајте го тавчето за да може врелото масло да ги фати тестото од двете страни – така се полни со воздух и готовото тесто изгледа како перничиња Испржените перничиња ставете ги хартија за да ја впие непотребната маснотија. Се јадат топли со чаша јогурт, или парче сирење. На здравје!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот