Јасна Мандиќ прва ќе даде исказ за случајот „Рекет 2“

Фото: МИА

Потпретседателката на Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски Јасна Мандиќ денеска е во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција каде дава исказ во врска со истрагата за „Рекет 2“ каде е осомничена за помагање во делата перење пари и измама.

Мандиќ која е во куќен притвор, во зградата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција беше донесена со полиција.

Таа е осомничена за помагање при извршување на кривичното дело „перење пари”.

Во случајот Меѓународен сојуз осомничени се уште Бојан Јовановски, Неговиот татко Миле, Христина Блажевска и Потпретседателката на собранието Фросина Ременски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот