ЈАПОНСКИ ТЕСТ НА ЛИЧНОСТА: Откријте ги скриените пораки на вашата потсвест

Фото Профимедиа

Следете ги упатствата на овој тест. Земете лист и хартија и запишувајте ги одговорите, за да можете после да видите што тие значат.

Замислете дека чекорите низ древна шума со една личност. Која е таа личност?

По некое време среќавате животно. За кое животно се работи? Како постапувате?

Продолжете да чекорите низ шумата. Наидувате на чистина од која се гледа стар лавиринт. Колкав е лавиринтот? Каков е? Колку се високи ѕидовите?

Сакате да влезете во лавиринтот, но личноста со вас не ви дозволува. Сепак, влегувате сами. Наоѓате чаша. Од кој материјал е направена? Што правите со чашата?

Доаѓате до излезот на лавиринтот. Како го опишувате искуството?

1. Ова беше лесно. Брзо го најдов излезот.

2. Требаше време, но не беше ништо страшно.

3. Се изгубив и мислев дека нема да излезам.

4. Ме најде личноста со која дојдов и ми го покажа патот, инаку може уште ќе бев внатре.

Сега, прочитајте што значат вашите одговори:

Личноста со која одевте ви е многу важна во вашиот живот. Можеби и најважна.

Големината на животното кое го видовте ја симболизира вашата перцепција за проблемите во животот. Начинот на кој се однесувавте со животното е еквивалентен на начинот со кој ги решавате проблемите. Потсетете се што направивте?

Кривините на лавиринтот ги претставуваат патиштата кои ги одбирате. Целосниот изглед на лавиринтот го симболизира начинот на кој се сеќавате на своето минато и на годините на растењето.

Висината на ѕидовите зборува за вашите амбиции и за решителноста да се борите со предизвиците со кои се соочувате. Ниските ѕидови симболизираат отвореност и друштвеност. Високите ѕидови симболизираат интровертна личност.

Што се однесува до чашата, материјалот ја претставува трајноста на врската со личноста која е со вас. Пластична чаша значи краткотраен однос. Ако е од благороден метал, тоа значи дека односот е стабилен и траен. Стаклена чаша значи дека се работи за кршлив однос.

Што направивте со чашата? Тоа е одговорот и на тоа каков став имате кон личноста. Ако ја оставивте, сакате да се оддалечите. Ако ја земавте чашата, сакате вашиот однос да трае.

За крај, потсетете се што избравте за излез.

Избор 1: Тинејџерските години ви биле забавни, немавте многу трауми, ниту голем притисок. За вас тоа беше еден одличен период, но време е да го заземете патот на животниот тек.

Избор 2: Училишните денови не ви беа лесни, се грижевте за љубовта, пријателствата и иднината. Но, тоа ве направи посилни, а научените лекции ви помагаат во тешките времиња.

Избор 3: Во текот на растењето сте имале и тешки периоди, но животните грижи веќе не ве мачат. Сепак, тоа ви даде сериозна црта на вашиот карактер. Време е да уживате во животот.

Избор 4: Среќата на вашиот живот се пријателите кои ги стекнавте. Како и секој друг, имате грижи, но секогаш знаете кому да се обратите кога ви е тешко.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот