J.League (Japan Professional Football League)/Jリーグ

Јапонците почнуваат револуција – ќе го исфрлаат нерешениот резултат од фудбалот

Нерешените резултати можеби се на пат да станат минато барем во Јапонија. Тамошната Џеј-лига започнува храбар експеримент што може да го смени традиционалниот изглед на лигашкиот фудбал. Џеј-лигата, елитното ниво на јапонскиот фудбал, донесе одлука во преодната сезона 2026 година ниту еден натпревар официјално да не заврши без победник.

Доколку по 90 минути резултатот биде нерешен, веднаш ќе се изведуваат пенали за да се добие конечен победник. Системот на бодирање делумно останува ист. Победа во регуларниот дел носи три бода, а пораз по 90 минути значи нула. Но, ако победникот се решава на пенали, тимот што ќе слави ќе добие два бода, додека поразениот ќе освои еден. Со тоа класичното реми со по еден бод за двата тима заминува во историјата, а се воведува модел што треба да поттикне поофанзивна игра и поголем ризик.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kobby Khater (@khaterkobby)

Ова правило ќе важи само во периодот од февруари до јуни 2026 година. Јапонија го менува календарот на натпреварување за да се усогласи со европскиот систем (сезона од август до мај), а краткиот период ќе послужи како транзициски мост меѓу двата формата.

Засега, челниците не најавуваат трајно воведување на новиот модел. Сепак, доколку реакциите од клубовите и навивачите бидат позитивни, можно е сериозно да се размислува за негова долгорочна примена.

Од лигата порачуваат дека целта е зголемување на конкурентноста и елиминирање на натпревари без победник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот