Јанушев: Трката е речиси изедначена, СДСМ и кога губеле прогласувале победа (ВИДЕО)

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев на прес-конференција информираше дека е неизвесна трката со СДСМ.

– Проверувањето на гласовите е во тек. Можам да кажам дека ВМРО-ДПМНЕ победи во голем број населени места. Сепак оваа трка е се уште неизвесна. Факт е дека народот сака промени, не сака коруптивна влада, туку обнова. Опозицијата покажа дека има повеќе гласови од партиите на власта. Вмро влегува во трка за нова влада. ВМРО-ДПМНЕ испраќа благодарност до сите граѓани. Со тој кредибилитет обезбедваме мнозинство за нова влада.

Во моментов е неизвесна трката и ќе почекаме до утрина за конечни резултати. Да почекаме да видиме финално како ќе бидат поделени мандатите. Трката е речиси изедначена. СДСМ и кога губеле прогласувале победа, рече Јанушев, кој дополни дека нема информација дали ќе има обраќање на лидерот Христијан Мицкоски.

Втора прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ

Publiée par Sloboden Pecat sur Mercredi 15 juillet 2020

На првата прес-конференција Игор Јанушев најави победа на ВМРО-ДПМНЕ на изборите со предност од 7 до 8 пратеника.

Јанушев: Водиме со предност од 7 – 8 пратеника (ВИДЕО)

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот