Јанкуловска и Тодоров меѓу 17те сведоци во денешното рочиште за „Организаторите на 27ми април“

За денеска е закажано рочиште за „организаторите на 27-ми април“. Дури 17 сведоци треба да сведочат на рочиштето за организирање на „крвавиот четврток“ во Собранието.

Меѓу оние кои ќе сведочат се и екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, како и екс минисерот за здравство Никола Тодоров, како и други поранешни функционери од владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Обвинетите се товарат за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. Според обвинението, по неуспешните преговори за формирање влада од страна на ВМРО-ДПМНЕ по изборите во декември 2016, тие изготвиле план со намера да ги загрозат уставниот поредок и безбедноста на земјата и да спречат примопредавање на власта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот