Јанева седи на фотелја, а пред неа снопче евра

Фото: Слободен печат

На денешното судење за случајот „Рекет“ беа покажани повеќе фотографии и снимки, добиени со вештачење на телефонот на Бојан Јовановски.

На 14.02.2019 година таа е фотографирана како седи на фотелја. Таа е завиткана со ќебе, а пред неа на маса има снопче пари со банкноти од по 500 евра. Потоа следат серија слики на кои таа се гледа дека седи и пуши цигари.

Додека седи, според клипот кој го има ОЈО таа вели:

– А што ќе одлучи ќе видиме.

На друга фотографија се гледа таа како во рака држи плик кој сака да го стави во чанта. На друга фотографија која ја презентираше денеска ОЈО на рочиштето за „Рекет“ сликан е Јовановски со извесна количина на банкноти од по 500 евра.

Сликан е и Андријан Амзоски во седиштето на Меѓународниот сојуз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот