Јанева дала одобрение да му биде вратен пасошот на Камчев

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денеска изјави дека дала одобрение да му биде вратен пасошот на одредено време на бизнисмениот Орце Камчев бидејќи тој требало да учествува во некој управен одбор во странство, но не прецизираше каде.

– Не би сакала да бидам адвокат на Орце Камчев во смисла на тоа да го бранам. Сметавме дека е потребно да му се даде пасошот бидејќи истрагата во делот на прибирање на финансиската документација е прибрана и се анализира во моментот, изјави Јанева.

Додаде дека соработуваат и адвокатите и другите обвинети во предметот.

– Поената на СЈО е да истражиме дали има коруптивни елементи, валкани пари во делот на високите функционери. Затоа тука е осомничен и Сашо Мијалков,а другите осомничени лица се помошници на Орце Камчев, истакна Јанева.

Специјалната јавна обвинителка посочи дека обвинителството дава само мислење, а судот е тој кој ја донесува одлуката за враќање на паасошот.

Фото: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот