Јане и уште шест други деца го добија лекот Спинраза

Седум пациенти болни од спинална мускулна атрофија (СМА) од сега редовно ќе ја примаат терапија, која до сега не беше достапна за пациентите во Македонија. Овој лек од пред две години се користи во САД и е одобрен и во Европа, а дава одлични резултати кај пациентите. Еден од најпознатите пациенти, заболени од оваа болест е и малиот Јане, кој во јавноста стана познат по ведриот дух, желбата да игра фудбал и љубовта кој македонската фудбалска репрезентација.

По долго очекување и одложување, министерот за здравство Венко Филипче, денеска  информираше дека лекот во државата е даден за прв пат кај десетмесечно бебе кое се чувствува добро.

-Во текот на вчерашниот ден за првпат во нашата земја беше даден лекот Спинраза. Станува збор за најнов лек кој се користи за третман на децата и возрасните пациенти коишто боледуваат од спинална мускулна атрофија. Тоа е најсовремена терапија што се дава во најразвиените земји во светот. Останатите 6 деца со соодветен распоред ќе ја добијат терапијата со Спинраза“, информира денеска на прес конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот