Јанакиески: Ме судат за шамари кои не се случија

Миле Јанакиески
Миле Јанакиески /Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Новиот обвинител предлог мене ме загрозува. Во изминатите четири години се обидував да ја докажам мојата невиност. Пред кого и во која фаза јас да докажувам дали сум бил или не близок соработник на Никола Груевски, изјави во својата одбрана обвинетиот во случајот “Насилство во Центар” Миле Јанакиески.

– Повеќе од пет години се стигматизира мојот карактер за да ме прикаже во лошо светло како терорист, криминалец. Уште пред да почне судскиот процес јас сум осуден. Незаконски сум бил прислушкуван над седум години. Не постојат никакви докази против мене. Денес ме судат за шамари кои не се случија. Кога бев во притвор бев тепан, но обвинителството или некој друг не поднесе обвинение. Разбирам дека некој мора да биде осуден за да се прикаже дека правдата е задоволена – рече Јанакиески.

Миланов тврди: Јанакиески не бил близок соработник на Груевски

Тој рече дека се чуди што ОЈО тврди дека бил еден од блиските соработници на Груевски што не било вистина.

– Никого не сум поттикнал да стори некакво насилство и затоа очекувам судот да донесе правична пресуда. Моето име не е споменато од никој за да изврши кривично дело насилство. Моето име го нема ниту во кривичната пријава на Андреј Жерновски. ОЈО нема докази во обвинението против мене – нагласи Јанакиески.

Обвинети во предметот се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер Миле Јанакиески, Даниела Рангелова, Борче Богдановски, Милан Андоновски, Александар Трајковски и уште неколкумина. Според Обвинението, тие се товарат за поттикнување на насилството на протестите пред општина Центар во јуни 2013 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот