Јада 86-ти на СП во Планица, Дамјановски не ја заврши трката

Фото: Ставре Јада/ фото: EPA-EFE/FILIP SINGER

Maкедонскиот скијач, Ставре Јада го освои 86-тото место од 94-нордијци кои ја завршија трката на 15 километри на Светското првенство во Планица.

На трката настапи и вториот Македонец, Дарко Дамјановски, но тој не ја заврши. Делницата од 15 километри Јада ја помина за време од 39:53 минути и доцнеше седум ипол минути од победникот Симен Хегстад Кругер кој победи со време од 32:17,4.

Дамјановски се откажа по само 2.2 километри, а првата мерна станица ја помина за време од 4:18,9, за споредба Јада на таа дистанца имаше време од 5:25,5 минути.

На врвот зад Кругер кој стигна до златниот медал заврши Обер Амундсен освојувајќи сребрен медал и Кристер Холунд кој освои бронза.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот