Ја изневери 92 пати, додека беше бремена доби дете со друга и покрај сè таа остана со него
Љубовниот живот на славниот фудбалер Нејмар личи на сапуница. Фокусот на приказната е ставен на неговите неверства, по кои е и меѓу „рекордерите“. Заплетите се бројните раскинувања и смирувања што ја одбележаа неговата врска со моделот Бруна Бјанкарди. Телeновелата сè уште трае и двојката е (засега) заедно.
Препорачано
View this post on Instagram
Нејмар имаше турбулентна врска и со актерката Бруна Маркезине. Романсата ја започнаа во 2013 година, а по чести прекини конечно се разделија во 2018 година.
Фудбалерот во врската со Бруна Бјанкарди, која е неверојатно слична на неговата поранешна девојка и го носи истото име, „вплови“ во април 2022 година. Летото истата година раскинаа, па набрзо потоа се смирија. Во февруари 2023 година таа му го честиташе роденденот на Инстаграм со фотографија од нивниот бакнеж, со што и официјално го потврдиле смирувањето.
Ја изневеруваше додека беше бремена, па јавно ја молеше за прошка
Но, тоа не траеше долго. Веќе во ноември 2023 година следеше уште едно раскинување — само еден месец откако ја добија ќерката Мави.
Нејмар ја изневери Бруна додека беше во поодмината бременост. Јавно го призна тоа откако аферата излезе на виделина и побара прошка од неа.
„Ова го правам за вас двете и за нашето семејство. Го оправдувам она што не може да се оправда. Не требаше да го направам ова, но ми требаш во нашиот живот. Видов колку страдаше поради сето ова, колку сакаш да бидеш со мене и колку јас сакам да бидам со тебе. Згрешив. Се осмелувам да кажам дека грешам секој ден — на теренот и надвор од него, но грешките од приватниот живот ги решавам дома, во приватност, со пријателите и семејството. Сето ова стигна до луѓето кои ми се посебни во животот. До жената за која сонував дека ќе биде покрај мене, мајката на моето дете. Ова беше удар за твоето семејство, кое сега е и мое семејство. Дојде до нарушување на интимноста во еден толку посебен момент како што е мајчинството. Бру, веќе се извинив за моите грешки, но чувствувам потреба тоа да го направам и вака, јавно. Приватната работа стана јавна и затоа извинувањето мора да биде јавно. Нашата цел е да го надминеме ова. Љубовта кон нашето дете ќе победи, нашата љубов еден кон друг ќе нè направи посилни. Засекогаш ние. Те сакам“.
View this post on Instagram
Бизарна реакција на таткото на Нејмар
На јавното извинување и признанието дека ја изневерувал бремената девојка реагирашр и таткото на Нејмар, кој порача: „Така е, сине… Животот секогаш нè учи. Честитки“.
На многумина ваквата порака воопшто не им се допадна: „Изгледа јаболкото не паѓа далеку од дрвото“, „За што точно му честита?“, гласеа дел од коментарите.
Без разлика дали станува збор за несмасен избор на зборови или нешто друго, таткото на Нејмар со оваа реакција си даде автогол. Иако очигледно сакаше да му честита на синот што јавно се покаја, зборот „честитки“ предизвика голема бура.
На многумина им изгледаше бизарно што воопшто се огласи, а сè на крајот делуваше како да ги поддржува неверствата на својот син — како да е во ред ако Нејмар ја изневери партнерката, а потоа се извини. Погрешил, научил од грешките и заслужува големо „браво“, според мислењето на неговиот татко.
Според светските медиуми, ја изневерил Бруна дури 92 пати.
View this post on Instagram
Бруна му ги прости неверствата
Со отворен ум и уште пошироко срце беше и Бруна, која премина преку сè и денес сè уште е во врска со него. Во јули ја добија и втората ќерка.
„Нашата Мел пристигна за уште повеќе да ги исполни и заслади нашите животи. Добредојде, ќерко! Нека те благослови Бог и нека те чува од секое зло! Се радуваме на ова ново поглавје со тебе. Те сакаме“, порачаа тие.
Нејмар (33) има четири деца. Имаше 18 години кога се роди неговиот син Дави Лука, кого го доби со инфлуенсерката Каролин Дантас. Најстариот наследник тренира фудбал. Во јули 2023 година ја доби ќерката Хелена со инфлуенсерката Аманда Кимберли — со која ја изневерил Бруна. Унгарската манекенка Габриела Гашпар тврди дека фудбалската ѕвезда е татко на нејзината 10-годишна ќерка.
View this post on Instagram
Со Бруна и ќерките Мави и Мел ужива во празниците. Му порачуваат дека треба да ја негува и почитува врската со својата партнерка, бидејќи тешко дека која било друга жена би го трпела на таков начин. Му велат и да заборави на прељубите.
View this post on Instagram
Судејќи според минатото, нова афера не би била изненадување, а и Бруна, која ужива во „животот од бајките“, има огромен капацитет за простување.
ФОТО | Нејмар и неговата девојка Бруна Бјанкарди објавија дека го чекаат своето прво дете


