ЈА ЧИСТЕЛА КУЌАТА, ПА ДОЗНАЛА ШТО ПРОНАШОЛ МАЖОТ: Мистерија решена по 15 години (ВИДЕО)

Пред петнаесетина години мајката на Лејси, Кеј го загубила својот дијамантски веренички прстен. По 38 години брак со Дејв, тој прстен добил на вредност, но не на материјална колку на сентиментална.

Кеј и нејзиното семејство со месеци пребарувале по куќата и секој пат одново се разочарувале кога не успевале да го пронајдат. На крајот заклучучиле дека прстенот веројатно е украден или изгубен. Но, Кеј никогаш не се откажала во целост. Верувала дека со некое чудо тој сам ќе се појави кога најмалку очекува.

По полни 15 години, додека Дејв барал некои ДВД по куќата наишол на кутија во облик на срце. Погодете што било внатре. Долгоскриениот прстен! Па така тој решил да ја израдува својата сопруга која во тој момент ја средувала куќата, клекнал позади нејзиниот грб и и открил дека конечно го пронашол.

„Знаевме дека реакцијата на Кеј ќе биде емотивна, напишаа Дејв и нејзината ќерка Лејси на YouTube каде ја поставија сниката во која оваа жена повторно се среќава со своето богатство. Не пропуштајте да ја видите нејзината реакција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот