Извршени 1.319 инспекциски надзори, изречена глоба за пуштање во промет на производ со поминат рок

Претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска на денешната прес-конференција зборуваше за најновите подароци од шест инспекторати за период од 9 до 13 април.

-За период од 9 до 13 април извршени се 1.319 надзори. Од нив 514 од пазарен инспекторат и еден дел се однесуваат на работењето на угостителските објекти. Затворени се 5 објекти сите во Скопје.

Во овој период пазарните инспектори ги контролираа кафематите и забранети за употреба се 60 кафемати, а останатиот дел од надзорите се однесуваат на контрола на замрзнатите цени на одредените производи. Поголемиот дел од трговците ги почитуваат одлуките, а таму каде има зголемување е наложено враќање на цените од 11 март.

Од АХВ се срповедени 162 надзори. Изречени се 2 мерки за неспроведени обуки за основни знаења за безбедност на храна и 19 решенија за констатација лоша општа хигиенска состојба. Изречена е глоба за пуштање во промет на производ со поминат рок.

Од државниот инспекторат за труд извршени се 446 контроли и донесени се 7 решенија и 9 укажувања за работодавачите кои не ги почитвале мерките на владата. Дополнително е констатира дека поголемиот дел на работодавачите ги почитуваат мерките за заштита на вработените.

Државниот инспекторат за транспорт извршил 85 надзори. Меѓуопштинскиот превоз е намален за 95 отсто, а во однос на меѓнародниот линиски превоз констатирано е дека е целосно во прекин.
Државниот санитарен и здравствен инспекторат изврши 77 надзори и издаде дополнителни 179 дозволи на транспортери за непречено спроведување на транспортот.

Од Агенцијата за лекови се извршени 35 контроли и е констатирано дека нема специфични отстапувања, рече Филиповска-Грашкоска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот