Извори за „Слободен печат“: Во Францускиот предлог има измени во насока на нашите ставови

Димитар Ковачевски и Кирил Петков
Димитар Ковачевски и Кирил Петков / Фото: Влада на Република Северна Македонија

Неофицијално, во документот стои чисто „македонски јазик“ во ЕУ, а Протоколот и историските прашања не се дел од преговарачката рамка

Откако со денови беше прво усогласуван меѓу земјите-членки на Европската унија, а потоа помина и процедура низ бугарското Народно собрание, официјалниот документ кој го содржи таканаречениот француски предлог за решавање на спорот меѓу Софија и Скопје и започнување преговори на Северна Македонија за членство во ЕУ, попладнево пристигна во македонската Влада.

Според извори на „Слободен печат“ во преговарачкиот процес, македонското НЕ на Ковачевски во Брисел дало резултат, односно има измени во текстот кои се во насока на нашите ставови, предлози и забелешки.

„Како што гледаме, првично овој предлог ги зема предвид нашите позиции и барања. Овој предлог ќе биде ставен на широка консултација“, велат изворите за „Слободен печат“.

Неофицијално, во документот стои чисто „македонски јазик“ во ЕУ, а Протоколот и историските прашања не се дел од преговарачката рамка.

Премиерот Димитар Ковачевски пред една недела на самитот ЕУ-Балкан во Брисел ја одби тогаш претставената верзија на францускиот предлог, оценувајќи дека во таа форма е неприфатлива.

„Сите 27 земји, сите 27 лидери кои се приклучија на Унијата, сите се приклучија гордо со сите различности и со целосна почит за своите и за туѓите лингвистички и историски различности. Ништо од ова не било проблематизирано на европскиот пат. Тоа е она што и ние го посакуваме ништо повеќе, ништо помалку. Почит за лингвистичкиот, културниот, етничкиот и историскиот идентитет на мојот народ. Да се приклучиме на Унијата гордо, заедно со сите членови на ЕУ, заедно со сите народи на ЕУ и исполнувајќи ги сите критериуми за членство, изјави тогаш Ковачевски.“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот