Извештај на ОН: Северна Кореја развила минијатурни нуклеарни уреди

Северна Кореја ја продолжува со својата програма за развој на нуклеарно оружје, а неколку држави веруваат дека „веројатно развиле минијатурни нуклеарни уреди што можат да се вметнат во боеви глави на балистички ракети”, се наведува во доверлив извештај на ОН.

Тие држави што не се споменети во извештајот, веруваат дека претходните шест севернокорејски нуклеарни тестови му помогнале на Пјонгјанг да развие минимални нуклеарни уреди.

Пјонгјанг не извршил нуклеарен тест од септември 2017 година.

Извештајот на независните експерти кои ги следат санкциите на САД, беше поднесен до Советот за безбедност на ОН.

„Демократската народна Република Кореја ја продолжува својата нуклеарна програма, вклучително и производство на високо збогатен ураниум и изградба на експериментален реактор за лесна вода. Една земја-членка проценува дека Пјонгјанг продолжува да произведува нуклеарно оружје”, се вели во извештајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот