Изваден мечот на „Кралот Артур“ од реката Врбас (ФОТО)

N1

Археологот Ивана Панжиќ, која учествувала во нуркањето и вадењето на мечот, рекла дека од водата успешно е изваден многу добро сочуван средновековен меч.

„Единствено врвот на мечот кој беше забоден во каменот е малку оштетен, бидејќи недостасува мал дел од него. Мечот сега ќе биде пренесен во Музејот на Република Српска, а со нас е колешката од Институтот за конзервација од Белград, која веднаш пристапи за заштита“, изјави Панжиќ за медиумите на БиХ.

Дури по преземање на мерките за заштита ќе се пристапи кон решавање на мистеријата за сопственоста на мечот, како и во кој период бил создаден. Постоењето на мечот е утврдено многу порано, но дури сега бил извлечен после ангажирање на професионални нуркачи и археолози.

mač, reka Vrbas
Srna

„Овој тип на меч е користен во периодот од последната четвртина на 13 век, до првата половина на 15 век. Таквите мечеви на нашите простори се релативно ретки, поради што неговото спасување и конзервација беа од приоритетно значење, како за музејот, така и за градот и Република Српска“, изјавиле од Музејот на Република Српска.

Претходно археологот Панжиќ изјави дека идејата е после целосното чистење мечот да се реставрира, да се анализира и да се врати во каменот.

„Со оглед на тоа што веќе сите го нарекуваат Ескалибурот од Бања Лука, зошто да не ја искористиме таа ситуација во која тој се наоѓа и целата таа приказна да биде поатрактивна“, изјавиле тие.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот