Бенјамин Нетанјаху / Фото: принтскрин YouTube/IsraeliPM

Израелскиот премиер Нетанјаху најави ликвидација на новиот ирански лидер

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, на прес-конференција за новинарите упати прикриена закана дека ќе го убие новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, пишува Тајмс оф Израел.

Нетанјаху говорејќи пред присутните на својата прва прес-конференција од почетокот на војната, рече дека Иран „веќе не е ист“ по речиси две недели бомбардирање и дека Техеран претрпел удари врз својот елитен Корпус на Револуционерната гарда и паравоените сили.

Тој вети, меѓу другото, дека ќе продолжи да го напаѓа Хезболах откако групата отвори оган на 2 март како одмазда за атентатот врз врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, таткото на Моџтаба Хамнеи, од страна на Израел.

Нетанјаху беше прашан какви мерки би можел да преземе Израел против ајатолахот Моџтаба Хамнеи и шефот на Хезболах, Наим Касем.

„Не би издал полиси за животно осигурување на ниту еден од лидерите на терористичката организација. Немам намера да дадам точен извештај овде за тоа што планираме или што ќе правиме“, рече тој.

Тој, исто така, изјави дека целта на нападот на Израел врз Иран е да „елиминира она што го смета за егзистенцијална закана што ја претставуваат нуклеарните и балистичките ракетни програми на Техеран“.

Нетанјаху го повика иранскиот народ да ја преземе власта во Иран, а за таа цел САД и Израел ќе направат услови тоа да се случи.

„Нема да ги објаснувам детално дејствијата што ги преземаме. Создаваме оптимални услови за соборување на режимот, но нема да негирам дека не можам да ви кажам со сигурност дека иранскиот народ ќе го собори режимот. Режимот е соборен одвнатре. Но, ние дефинитивно можеме да помогнеме и помагаме“, заклучи Нетанјаху.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот