Израелски авиони нападнаа ирански сили во близина на Дамаск

Израелски авиони нападнаа иранските сили во близина на Дамаск кои планираа да лансираат вооружени беспилотни летала врз цели во Израел, изјави портпарол на израелската војска.

Според нив, нападот бил насочен кон оперативци на Иранската револуционерна гарда и шиитски милиции кои во последниве денови планираат напади од Сирија врз Израел.

Портпаролот на израелската војска изјави дека тие подготвуваат лансирање „смртоносни беспилотни летала” вооружени со експлозив кон северен Израел.

Сириските државни медиуми соопштија дека сириските воздушни одбранбени сили ги пресретнале непријателските напади во саботата навечер над главниот град Дамаск.

Сириската војска во изјавата нагласува дека повеќето израелски проектили биле уништени пред да ги погодат своите цели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот