Принтскрин од видео на Ајзен

Израелската амбасадорка ги поздрави напорите на македонските институции за откривање на виновниците

Израелската амбасадорка во земјава, Вивијан Аисен, ги пофали постапките на македонските институции во врска со обидот за предизвикување пожар на зградата на Еврејската заедница и синагогата во Скопје, оценувајќи дека е важно случајот темелно да се истражи и виновниците да понесат одговорност.

На мрежата „Икс“, таа ја сподели објавата на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, во која тој го осудува инцидентот.

„Ви благодарам, министре. Брзите и решителни акции на македонските власти за истрага и повикување на одговорност на одговорните за овој гнасен антисемитски чин се од суштинско значење за спречување на потенцијални идни инциденти“, напиша Аисен на „Икс“.

Претходно, министерот Муцунски го осуди овој чин, порачувајќи дека „нашето општество цврсто стои на ставовите за толеранција и мултиетнички соживот“.

ВИДЕО | Израелската амбасадорка објави како луѓе рипаат во дворот на синагогата, истураат течност и фрлаат запален факел

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот