ВИДЕО | Израелската амбасадорка објави како луѓе рипаат во дворот на синагогата, истураат течност и фрлаат запален факел
Амбасадорката на Израел во Македонија, Вивијан Ајзен, објави видеоснимка од обидот да се запали синагогата во Скопје.
Препорачано
На снимката се гледаат двајца луѓе како ја прескокнуваат оградата и се доближуваат до влезот на објектот. Потоа, тие прскаат со запалива течност, по што фрлаат факел и предизвикуваат пожар.
„Длабоко вознемирувачки антисемитски инцидент во Северна Македонија, прв од 1945 година, ги погодува самите вредности на соживот што ги почитува еврејската заедница. Јас сум на страната на заедницата и ги повикувам македонските власти да ги изведат одговорните пред лицето на правдата“, наведе амбасадорката Ајзен, објавувајќи го и видеото на платформата Х.
— Vivian Aisen 🇮🇱 (@VivianAisen) April 12, 2026
Од СВР Скопје велат дека во дворот на верскиот објект биле забележани канистер за гориво и траги од горење.
„Веднаш по добиената пријава полициски службеници излегоа на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, дополнија од МВР.
Еврејската заедница во Македонија го осуди овој чин и апелираше до надлежните органи за целосно расветлување на случајот и доследна примена на законите, како и за гласна и обединета осуда од сите верски лидери, институции и граѓани.
„Ова не чин не е само напад врз еден верски објект, туку длабоко вознемирувачки удар вз темелните вредности на цивилизираното опоштество – соживотот, достоинството и заемната почит“, стоеше во соопштението до медиумите потпишано од претседателот на Еврејската заедница во Македонија, Пепо Леви.


