Израел знамиња / Фото EPA-EFE/ATEF SAFADI

Израел забранил миса за Цветници, американскиот амбасадор вели дека одлуката е „тешка за разбирање“

Американскиот амбасадор во Израел Мајк Хакаби изјави дека одлуката на Израел да им забрани на високи католички функционери да присуствуваат на службите во Црквата на светиот гроб на Цветници е „тешка за разбирање и оправданост“.

Забраната за влез на патријархот во црквата на Цветници за приватна церемонија е тешко да се разбере и оправда. Израел објави дека ќе соработува со патријархот за да најде безбеден начин за одржување на церемонијата за време на Страсната седмица“, рече Хакаби.

Хакаби, како што пренесува „Индекс.хр.“ ја коментираше одлуката на израелската полиција, наведувајќи дека „забраната за влез на латинскиот патријарх кардинал Пјербатиста Пицабала и уште тројца свештеници да дадат благослов во црквата на Цветници е претеран потег што веќе има големи последици низ целиот свет“.

Упатствата на Командата за внатрешна безбедност ги ограничуваат собирите на максимум 50 лица. Четворицата претставници на Католичката црква беа далеку под таа граница. Израелските власти велат дека забраната за влез на кардиналот Пицабала е издадена од безбедносни причини, но црквите, синагогите и џамиите низ Ерусалим се придржуваат до правилото за максимум 50 лица, додаде тој.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот