Израел уби тројца борци на Хезболах во напад во Либан

Хезболах
Знаме на Хезболах/ Фото Архива на Слободен печат

Во редовните, речиси секојдневни, прекугранични судири меѓу израелските сили и Хезболах, денеска во напад на израелско беспилотно летало врз позициите на движењето во јужен Либан загинаа тројца припадници на ова проиранско шиитско движење, кое се бори на страната на Палестинците во војната во Појасот Газа.

Тројцата милитанти се убиени во автомобил на пат недалеку од градот Накура. Едниот од нив бил експерт за оружје, наведоа извори на британските медиуми.

Израелската војска соопшти дека ги проверува извештаите за инцидентот.

Хезболах претходно денеска соопшти дека извршил напад со дрон со експлозив врз штабот на израелската армија во Лиман и дека локацијата била директно погодена.

Како и Хамас, и либански Хезболах е сојузник на Иран, кој го напаѓа Израел од соседен Либан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот