Израел одобри спреј за нос кој спречува трансмисија на ковид-19

Фото: sudinfo.be

Израел и Нов Зеланд издадоа привремено одобрение за продажба на спреј за нос на азотен оксид (НОНС) од страна на биотехнолошката компанија „СаНОтајз“, што може да помогне да се спречи пренесувањето на коронавирус, објави денес компанијата.

Производството на спрејот наречен Еновид започна во Израел во соработка со партнерската компанија на „СаНОтајз“, „Некстар Хемофарма Солушнс“ и се очекува производот да се најде во продажба таму во текот на летото.

– Во Нов Зеланд, „СаНОтајз“ регистрираше спреј за нос со одобрение од Агенцијата за регулација на Нов Зеланд, Управата за безбедност на лекови и медицински помагала, дозволувајќи им на компанијата веднаш да го дистрибуира и продава производот без рецепт, соопшти компанијата од Ванкувер.

НОНС треба да ги заштити корисниците од вируси кои влегуваат во организмот преку горниот респираторен тракт. Но, Министерството за здравство на Нов Зеланд објави дека сè уште не го одобрило производот за употреба како антивирусен спреј за нос.

Уништување на вирусот во горните дишни патишта

– Одобрението на кое се повикува компанијата не го исполнува класичниот процес на апликација или одобрување, соопшти вчера Министерството за здравство, со образложение дека ќе продолжи со понатамошните преговори со компанијата.

Минатата недела, „СаНОтајз“ и британската фондација за болница Ешфорд и Сент Луис Питерс од Сари ги објави резултатите од клиничките испитувања кои покажуваат дека НОНС е ефикасен антивирусен лек што може да спречи пренесување на ковид-19, да го скрати времетраењето на болеста и да ја ублажи сериозноста на симптомите кај веќе заразените пациенти.

Крис Милер, водечки научник во „СаНОтајз“, рече дека нивната формула за азотен оксид за употреба кај луѓето е дизајнирана да „уништи вируси во горниот респираторен тракт, спречувајќи ги да ги инкубираат и шират во белите дробови“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот