Израел ги отвора рестораните и кафулињата за вакцинираните без ограничувања

Израелската влада одлучи да ги намали ограничувачките мерки воведени поради коронавирусот, информира ДПА.

Ресторани, кафулиња и пабови ќе можат да се отворат денес под одредени услови, соопшти кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Меѓу другото, само клиентите со „зелен пасош“ ќе бидат услужени во затворен простор. Невакцинираните клиенти можат да седат само на отворено.

Студентите со зелени пасоши, исто така, од денес ќе имаат право да се вратат на своите универзитети. Невакцинираните студенти сепак ќе можат да учат само на интернет.

Носителите на зелени пасоши – луѓе кои се опоравиле од КОВИД-19 и луѓе чија втора вакцинација била пред најмалку една недела – ги добиваат назад основните права и слободи во Израел порано од оние кои не биле вакцинирани.

Правилата за растојание и хигиена сè уште важат за сите граѓани на Израел.

Кампањата за вакцинација во Израел е една од најбрзите во светот. Во земја со население од нешто над 9 милиони жители, повеќе од 4,9 милиони досега ја примиле првата доза на вакцина, а околу 3,7 милиони ја примиле втората доза.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот