Измени на Законот за среќа- објектите сосема да се тргнат од населените места

Главните измени на законот се во насока на одалечување на сите тие објекти надвор од населените места и прераспределување на тие средства кои што ги добија од владата од игрите на среќа. процесот не е така лесен, вели Сурија Рашиди во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, Сурија Рашиди, еден од потписниците на измените и дополнуввањата на Законот за игри на среќа.

-Пред две години прв како пратеник го отворив како пратеничко прашање како владата мисли да го реши овој проблем. Оттогаш ништо. Па потоа се случуија протести и движења. Наш став е да се одалечат 3 километри од населеносто место. Бидејќи со 500 метри само ги одалечуваш од училиштата , градинките, итн, но на децата им ги носиш во улицата каде што живеат. Идеата е сосема да се тргнат од населените места. Задоволни сме што ДУИ ретерира и пушти друг предлог закон со 3 км одалеченост- вели Сурија Рашиди, еден од потписниците на измените и дополнуввањата на законот за игри на среќа.

За да се одреди дистанцата според критериумите, вели Рашиди, е одговорна локалната власт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот